ЕДИНСТВЕНИОТ ГОРД МАКЕДОНСКИ ПОЛИТИЧАР КОЈ ОСТАНА НА БРАНИКОТ НА ТАТКОВИНАТА ИМ ПЛЕСНА НА СИТЕ ВО ФАЦА ДЕКА ЌЕ ЈА БРАНИ МАКЕДОНИЈА
Најпрво, би сакал да се обратам до народните избраници во Собранието на Република Македонија. Кога го вратив Законот за употреба на јазиците, детално и правно ја образложив мојата одлука. Побарав од вас внимателно да ги разгледате моите забелешки и очекував да постапите одговорно, совесно и како што налага Деловникот на Собранието. Внимателно го следев вашето делување во собраниските комисии и на пленарните седници. Начинот на кој по втор пат го изгласавте овој закон претставува институционално насилие и удар врз демократијата. Се надевам дека сте свесни за преседанот што го правите и за последиците и штетите по правото и правната држава, што во иднина можат да произлезат од овој преседан. Не само што го злоупотребивте европското знаме на овој закон, туку ги прекршивте и сите правни процедури, постапки и рокови во начинот на неговото носење. Во ниту еден момент не побаравте консултации со науката и надлежните институции кои се најповикани да дадат свое мислење по прашањето на