Сосема очекувано беше дека судот ќе ги демантира сознанијата изнесени во мојата денешна изјава. А што друго би направил? Но од соопштението - демант на Апелацискиот суд, не само меѓу редови, туку и директно се чита пристрасноста на оној кој го креирал текстот на овој демант и се наѕира веќе донесената одлука за мое прогласување за виновен, иако ниту имам сторено кривично дело, ниту постојат докази за такво нешто, ниту судската постапка во прв степен е соодветна, ниту пак по закон можат да вршат гонење за нешто што има и релативна и апсолутна застареност а во корелација со член член 30 од КЗ. Судот си дозволил во одговорот јавно да се пресметува со мене, обвинувајки ме дека со остварувањето на моите права кои се сосема оправдани во правец на барање неколку изземања, всушност дека сум сакал да го одолговлекувам судењето. На пример за изземање на судија за кого е отворена постапка за одговорност веќе има и судска пракса за негово изземање од кога во 2017та истото се случи во Крив