Т. КАРАКАМИШЕВА ЗАКОНОТ МОРА ДА ВАЖИ ЗА СИТЕ


Правото на протест на граѓаните, правото на нивното мирно собирање и изразување незадоволство од политиките на власта е уставно загарантирано право во член 21 кое никој не може да му го ограничи на граѓанинот, освен во случаи на прогласена воена и вонредна состојба во државата.
Граѓаните имаат уставно и законско право да го изразуваат своето незадоволство од актуелните политики и од изгласаните закони на пратениците, бидејќи пратениците се нивни избраници, и бидејќи тие како политички функционери имаат должност да водат сметка за јавниот интерес. Како носители на политички функции тие мора да научат да бидат критикувани, да им биде изразувано граѓанско незадоволство на секаков дозволен начин и со дозволени средства. А мирното собирање пред домовите на пратениците е едно од таквите дозволени методи на притисок на јавноста врз политичарите.
Граѓаните не можат да бидат повикани на кривична одговорност само затоа што мирно протестирале, и мирно го изразиле своето негодување кон начинот како власта ја практикува власта.
Ременски и останатите пратеници само сакаат да плашат мечки со заканите упатени кон граѓаните дека ќе поднесат кривични пријави против нив.
Нема суд кој ќе утврди кривична одговорност само заради мирно изразување незадоволство од работата на актуелните политичари.
Од друга страна, секоја евентуално поднесена кривична пријава од пратениците против граѓаните што протестираа може да повлече кривична одговорност против самите пратеници од две причини, првата е затоа што лажно ги пријавуваат граѓаните дека сториле кривични дела што не ги сториле, и второ, затоа што Ременски пред Суд ќе треба да објасни од каде и се, кој и ги дал вибер преписките на граѓаните што таа јавно ги објави на својот фејсбук профил, треба да објасни како дошла до нив, и дали е свесна дека сторила кривично дело со нивното јавно објавување. Таа нема право да објавува лични податоци на граѓани на јавен начин, со повреда на тајноста на комуникацијата и приватноста на граѓаните.
Што се однесува до квалификацијата на Ременски дека граѓаните и го повредиле домот, Ременски треба да знае како професор дека во случајов не постои сторено дело повреда на неповредливост на нејзиниот дом, бидејќи никој не и влегол во домот или во нејзиниот двор, ниту се обидел на такво нешто. Лажното пријавување на кривично дело е кривично дело. А во однос на јавно изразените изјави на протестантите, Ременски исто така треба да знае дека вербалниот деликт беше казнив во времето на комунизмот, и дека сега иако нејзините „ребрендирани“ комунисти се на власт, сепак делото вербален деликт веќе не е казниво дело. Ременски сакајќи одмазднички да им врати на незадоволните граѓани сама ќе си падне во криминалната спирала и сама ќе се втурне во докажување на сторениот од нејзина страна криминал со повредата на тајноста на комуникацијата и преписката на граѓаните. Судот ќе мора да го испита случајот со Ременски во целост!
Овој пат непознавањето на правото нема да и помине како непознавањето на историјата и уметноста!
Бонапарта ќе мора да го објасни на Суд!

Comments

Popular posts from this blog

ПУТИН : СОЛУН Е МАКЕДОНСКИ ГРАД

ЕРДОГАН -МАКЕДОНИЈА Е МАКЕДОНИЈА И НЕМОЖЕ ДА БИДЕ СЕВЕРНА

ПУТИН: ГРЦИЈА ДА НЕ СЕ МЕША ВО МАКЕДОНСКИТЕ ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ