ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ОДБРАНА НА ТАТКОВИНАТА ИМЕТО И ИДЕНТИТЕТОТ



ДЕКЛАРАЦИЈА
за одбрана на името на државата Македонија
и идентитетот на Македонската нација
Ние, Македонците во Канада, сме обединети и единствени во одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација!
Иако сме далеку од татковината, загрижени сме за политичката криза во Македонија. Таму ни се корените, таму ни се роднините, таму имаме имоти, таму се гробовите на нашите пра-родители.
Од Претседателот, Владата и Собранието на Република Македонија бараме:
(1) Безусловен крај на разговорите за името со Владата во Атина и продолжување на членството во Обединетите Нации и сите меѓународни организации под државното име Македонија со можност за употреба на уставната додавка Република како јасна разлика од истоимената северна провинција во Грција и југо-западна провинција во Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик (Republika Makedonija) туку на англиски јазик Republic of Macedonia, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонците и Македонскиот јазик на англиски јазик како Macedonians и Macedonian language.
(2) Повлекување на Законот за употреба на јазиците, бидејќи тоа не е во согласност со член 7 од Уставот на Република Македонија; и го редефинира унитарниот карактер на државата преку наметнување на албанскиот јазик на целата територија и во меѓународните односи на Македонија и дискриминација на еднаквоста на помалите етнички заедници пред Уставот и законите.
(3) Прекинувањето на договорот што го потпишаа Заев и Борисов на 1 август 2017 година, бидејќи ја поткопува македонската историја, култура и јазик. Додека Софија ја гледа Македонија како дел од Бугарија, Македонците како Бугари и македонскиот јазик како бугарски дијалект, секој договор меѓу Македонија и Бугарија ќе биде договор за велепредавство против македонската држава и нација.

(4) Итно и безусловно амнестирање на сите приведени и затворени во настаните од 27 февруари 2017 година, со ослободување од гонење или потполно ослободување од извршување на казната, и бришење на осудата.
(5) Итно и безусловно амнестирање на Едмонд Темелко, градоначалник на општина Пустец, од домашен притвор и обвинение, со ослободување од гонење.
Ние, Македонците во Канада отфрламе референдум, ратификација на меѓународен договор и промена на Уставот со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата!
Потсетуваме, дека прашањето за името на државата е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога Македонците по род и државјанство, во Републиката и светот, во апсолутно мнозинство гласаа "За суверена и самостојна држава Македонија" без додавки и без придавки, а одлуката на референдум според Уставот е задолжителна за сите, без исклучок!
Доколку Претседателот, Собранието и Владата не ги исполнат овие барања, бараме самораспуштање на Собранието и распишување на вонредни парламентарни избори, со обезбедување услови за остварување на избирачкото право во седмата изборна единица, без обврска за упис на избирачкото право на секои парламентарни и претседателски избори.
Ние Македонците во Канада отфрламе пристапување на Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата Македонија и фашистичкото барање на Бугарија за промена на историјата, културата и јазикот на Македонскиот народ во целина.
Ние, Македонците во Канада, бараме од Синодот на Македонската Православна Црква да го повлече барањето за прифаќање на Бугарската Црква за Мајка Црква, како неканонско и антиисториско. Го поддржуваме сослужението и евхаристиското единство на Македонската Црква со сите цркви во светот кои ќе ја прифатат како Апостолска Црква и како една и единствена легална и легитимна канонска наследничка на древната Охридска Архиепископија односно Патријаршија и на Јустинијана Прва.
Ние, Македонците во Канада, ќе ги користиме сите дозволиви средства, секогаш секаде и пред секого, за одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација!
Од “Нашето Име е Македонија” Семакедонски протест одржан во Торонто, 18 март 2018 година

ПОВЕЛЕТЕ ВО ГРУПАТА МАКЕДОНИЈА ЗА СЕКОГАШ ПОДОЛЕ НА ЛИНКОТ

Comments

Popular posts from this blog

ПУТИН : СОЛУН Е МАКЕДОНСКИ ГРАД

ПУТИН: ГРЦИЈА ДА НЕ СЕ МЕША ВО МАКЕДОНСКИТЕ ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ

ЕРДОГАН - ПОЗНАВАМ САМО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИ