РУСКИОТ АМБАСАДОР ОЛЕГ ШЧЕРБАГ- МНОГУ НЕ РАЗОЧАРА ВЛАДАТА НА МАКЕДОНИЈА



Протерувањето на рускиот дипломат од Македонија е непријателски чин и Русија соодветно ќе одговори на тоа порача рускиот амбасадор на Македонија Олег Шчербаг. Од амбасадата на Русија во Скопје исто така  реагираат на тоа што македонското МНР се уште не им ги доставило доказите со кои тврдат дека лицето  се занимавало со дејности кои се косат со дипломатскиот статус и Виенската конвенција. Потсетија и дека во првичната информација која ја пласираше ресорното министерство беше наведено дека единствена причина за протерувањето на дипломатот е солидарноста кон Велика Британија за случајот Скриптал, а дури следниот ден ја додадоа информацијата за класифицираните информации.
„Со големо жалење, загрижува дека некои држави меѓу кои и власти од Македонија потпаднаа под непријателско влијание кон Русија, повиците да му веруваат на Лондон. На сметка на интересите на своите држави како и на сметка на билатералните односи донеле избрзана одлука за протерување на нашиот дипломат. Македонската страна не ни обезбеди  докази и потврди дека дипломатот кој што се протерува е занимаваше со  одредени дејности кои што излегуваат од рамките на дипломатскиот  статус“, вели Олег Шчербаг - Амбасадор на Русија во Македонија
Рускиот амбасадор Шчербаг не пропушти прилика и да предупреди за евентуалниот влез на земјава во НАТО укажувајќи на последиците . Порача дека доколку Македонија стане членка на НАТО таа може да биде и потенцијална мета за напад од страна на Русија . Сепак тврди дека властите во Москва не се мешаат во внатрешната политика која ја водат властите во Скопје но предупреди уште еднаш сериозно да размислат за одлуките кои ги носат во врска со атланските интеграции на земјата.
„Ние на вашата земја не и наметнуваме наши ставови, не се обидуваме да ви наметнеме со кого да бидете пријатели и да соработувате. Сметаме дека имаме долг на нашите македонски пријатели да им објаснуваме дека таквите судбински и длабински одлуки како што е зачленување во агресивен воено-политички блок, треба да се донесуваат по многу  прецизно и внимателно размислување за сите последици од таквиот чекор“, вели Олег Шчербаг - Амбасадор на Русија во Македонија
И додека НАТО и ЕУ интеграциите се дел од програмата на сите политички партии во земјата, сепак рускиот амбасадор покрај образложението зошто смета дека тоа не  е добро за земјата реши да ја прокоментира и изјавата на  потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски кој рече дека Москва никогаш не била партнер на Македонија и на ВМРО ДПМНЕ, на што Шчербаг  само кратко рече дека тоа е став на поединци од ВМРО ДПМНЕ поради кои партијата водела погубни политики и веќе не е на власт, но верува дека се уште постојат такви кои сакаат да соработуваат со Русија

ПОВЕЛЕТЕ ВО ГРУПАТА МАКЕДОНИЈА ЗА СЕКОГАШ

Comments

Popular posts from this blog

ПУТИН : СОЛУН Е МАКЕДОНСКИ ГРАД

ПУТИН: ГРЦИЈА ДА НЕ СЕ МЕША ВО МАКЕДОНСКИТЕ ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ

ЕРДОГАН - ПОЗНАВАМ САМО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИ