ПИСКОТНИЦИ ВО ВЕЛЕС НА ПОГРЕБОТ НА МИЛЕ ПОП ЈОРДАНОВ ПРИСУСТВУВАЛО ЦЕЛОТО НАСЕЛЕНИЕ НА ГРАДОТ



Миле Поп Јорданов (1877- 1901 ). Македонски револуционер кој го дал животот за Македонија и Македонскиот народ. потекнува од угледното Велешко семејство Поп Јорданови таткому Ѓоше бил еден од најпознатите трговци со кожа во градот и бил чорбаџија. И покрај тоа што е син на чорбаџија Миле Поп Јорданов неможе да гледа како Македонскиот народ  страда под ропството на турците и влегува во Македонското ослободително движење.

Одреден период работи како учител и активно се гледа со Гоце Делчев, Но порради неговите револуционерни дејства ќе биде избркан од работното место.

Во текот на 1901 година се раазболува и се враќа со тројца другари од својата чета за да закрепне. Но не успева во тоа затоа што е наклеветен од Велешкиот шпиун Тасе коцкарот. Кога му пренесуваат дека е предаден со тројцата другари ноќта низ велешките темни сокаци се обидува да го напушти градот Велес.

Со тројцата другари го минат дрвениот мост на реката вардар за да се упатат кон паравец на Штип, но кај општинското училиште имало поставено турски аскер при што дошло до жестока престрелка.

Во таквите околности Поп Јорданов наредува тројцата другари да се повлекуваат и тој почнува сам да пука накај војската се додека има муниција. Кога му останал последниот куршум за да не падне жив во рацете на Аскерот си го става револверот на слепоочницата и си го одзема животот.

Турскиот командант наредил телото на мртвиот војвода да се истакне на улиците на Велес и тие што ќе го препознаат мртвиот да се заробат, сите кој минеле биле со наведнати глави и молчеле иако знаеле кој е убиениот единствено не успеала да дотррае сестрата на Миле и вриснала на целиот глас кога го видела телото на својот брат.

Според еден усмен извор од постарите Велешани Командатот на гарнизонот на војниците им рекол: Чим тој керата сам си пресудил не е разбојник ами јунак за тие таквите како него и за нивната Македонија постојат само зборовите слобода или смрт.

За време на погребната церемонија на Миле поп Јорданов се собрало целото население од градот да му оддаде почит. Гробот на Миле поп Јорданов се наоѓа на гробиштата На црквата Свеи Пантелејмон.

Две години подоцна во 1903 година на истото место ќе биде закопан и Јордан поп Јорданов Орцето водач на Гемиџиите и брат на Миле Поп Јорданов.

Голема болка и тага за Миле одекнала низ цела Македонија а народот јунаштвото на војвадата го опеал во песната БОГ ДА ГО ПРОСТИ МИЛЕ ПОП ЈОРДАНОВ

ПОВЕЛЕТЕ ВО ГРУПАТА МАКЕДОНИЈА ЗА СЕКОГАШ ПОДОЛЕ НА ЛИНКОТ

https://www.facebook.com/groups/564041373974379/
























ПИСКОТНИЦИ ВО ВЕЛЕС НА ПОГРЕБОТ НА МИЛЕ ПОП ЈОРДАНОВ ПРИСУСТВУВАЛО ЦЕЛОТО НАСЕЛЕНИЕ НА ГРАДОТ ПИСКОТНИЦИ ВО ВЕЛЕС НА ПОГРЕБОТ НА МИЛЕ ПОП ЈОРДАНОВ ПРИСУСТВУВАЛО  ЦЕЛОТО НАСЕЛЕНИЕ НА ГРАДОТ Reviewed by Ana Nickson on May 16, 2018 Rating: 5

No comments:

Powered by Blogger.