БРААВО ЗА НАПИШАНОТО ОД СОЛЗА ГРЧЕВА



Дојде време да се поделиме. Жално, ама така е. Едни на браникот на правото и правдата кои ако може, сакаме еве да важат и за нашата нација и држава, други на браникот на власта. Јавно, јасно, без завивања.

Нема повеќе простор за мудрувања, за дебела ладовина, за изјави кои се ни мое – ни твое. Изјавите од типот “нека се вика и стомна, само да не се скрши” јасно го одредуваат нивниот ст(р)ав. Секој има право на став, но никој нема право на страв.

Не сега. Стомната, која ја наполнија со рима, се на добар пат да ја скршат и тие тоа добро го знаат. Попусто ќе бараат разбирање со задршка и утеха во шепотењата со кафе, дека ете и тие мислеле дека договоров не е баш најдобар. Дека и тие не биле, не дај Боже, за промена на Устав и за целосна злоупотреба на името.

И после, како и сега ќе пеат во хор, дека во хорот под диригентска палка на моќта им е најбезбедно. Дека така ги дресираат со децении. Се слуша некое брборење, некоја досадна еднолична мелодија  и постојано се издвојуваат некои гласчиња кои цивкаат во сопран: НАТО, ЕУ, НАТО, ЕУ…

А од истите знаат само шверц со автомобили и гуми.

Првите, иако не многубројни (но храбрите се секогаш помалку) кои другиве ги омаловажуваат и им лепат етикети на примитивни националисти (благодарам на комплиментот, рече некој), велат: договорот е чиста капитулација. Договорот е противцивилизациски, договорот е срамен и некој ќе одговара за кршење на законите, процедурите и Уставот и најмногу за потсмевот на кој сме изложени како држава и како Македонци. За ова постојат опипливи правни докази.

Оваа група на интелектуалци настапува  отворено, се бори за гласност  во сред пропаганден мрак (а како и може во услови на режим), луѓе со различни идеологии и предзнаци, луѓе кои не се согласуваат можеби во многу концепти, но се обидуваат да ја испратат единствената можна порака: сакаме и за нас да важи универзалното право на самоопределување запечатено во Повелбата на ОН, сакаме правна држава сега и веднаш без преседани, сакаме достоинство, сакаме демократија, сакаме слобода на говор, сакаме суверена држава  и во рамки на овој вредносен систем да се постави и дефинира секој процес.

Компромиси со овие вредности нема, како што не учеле големи луѓе пред нас. Не мислиме дека Македонија и народот имаме право да ги тргуваме на пазар, за во Босна да не прогласат за “најменаџери# на светот. Српски знаеме, благодарам на прашањето.Вторава делува како разбеснета и гласна толпа под сигурносен чадор, зајакната од големата пропаганда за која не се штедат пари,  не се симнува од дебати од типот: “ти мене сердаре, јас тебе војводо”, етнички коректно компонирана, надмена и арогантна без реална подлога, спремна на линч на првите.

Е токму таа нека ни објасни  и нека понуди аргументи каде ги гледа добрите страни на ова чудо. Ги молам да не споменуваат идиотштини за влезот во НАТО и ЕУ бидејќи на интелектуалци, сепак не им  личи да бидат  толку многу политички прагматични. Не им личи да менуваат фармерки и “кока кола” за идентитет.

Сепак имаат некаков мисловен апарат, образование, троа книги прочитале, знаат и понекој филозоф да цитираат, имаат горе-долу сигурен статус,  некои им ги полнат главите на студентите со “владеење на правото”, зборувале со аргументи на научни конференции, на некои предците химната ја напишале …да не зборувам дека интелектуалците во принцип се критичари на власта, ама таа лекција овде не проаѓа. Како и да е, бујрум нека кажат, не дали им се бендисува  морковот (не се магариња, се надевам) , туку:  дали се прекршени сите познати конвенции за слобода на говор, на човекови индивидуални и колективни  права и слободи (нели, нема правда, нема мир!), дали се крши Повелбата на ОН, дали се пречекорени сите процедури кај нас, дали некој за нешто ги праша во процесот на лажно преговарање, каде наоѓаат  “зајакнат” идентитет, кој е тој “имотен лист” кој ќе сме го добиеле?!

Дали не им смета кога МАНУ ќе се претвори во АНУС (М го изоставив за да не ги тревожи остатокот од бившата држава), партијата без М, СДС ќе стане СДСС (конечно ова може да е прифатливо за повеќето луѓе), МОБ ќе стане СМОБ, а ајварот ќе стане северномакедонски?

Нека кажат дали не им пречи надзорот од надвор во кој после толку време демократија ќе се воведе и групен “вербален деликт” за кој ќе не пратат на меѓународен суд. Нека кажат како тоа соседни земји ќе ни пишуваат учебници и ќе присвојуваат историја, култура, меморија. Но, ајде да не се мачиме. Нека кажат едноставно  на кои функции се надеваат.

Барем кај нас во хроничен режим, работата е јасна. Едните ги  плукаат и остануваат без работа и функции, другите ги наградуваат бидејќи одработувале за режим. Но, нека извлечат поука дека сите кои биле блиску до “лидерот” на режим, треснале на глава. Со задршка, ама сигурно. И никако да не ги заборавам интелектуалците од сивата зона на самракот. Оние кои “шупотат” тивко (ова од речникот на “македонски со фуснота”), дека работава е пропаст за Македонија, ама не се осмелуваат јавно да проговорат. Камуфлирани во тивка толпа која “брег рони”, а добро знаат дека карпата ќе ни падне на сите на глава од тивката вода. Тие се емотивно со првата група на интелектуалци, но најпрактично со втората. Од време навреме ќе дадат по некое “мудро” гледање на процесот, но балансираат за секој случај.

Такви позиционирани на средина, се добредојдени на сите медиуми, но на крајот останува дупло голо. Бидејќи, како што ни токмат и референдумско прашање “за” или против”, трето нема.

Ставени сме во бинарен систем. Заврши играта на два стола.

ПОВЕЛЕТЕ ВО ГРУПАТА МАКЕДОНИЈА ЗА СЕКОГАШ ПОДОЛЕ НА ЛИНКОТ

https://www.facebook.com/groups/564041373974379/

Comments

Popular posts from this blog

ЕРДОГАН -МАКЕДОНИЈА Е МАКЕДОНИЈА И НЕМОЖЕ ДА БИДЕ СЕВЕРНА

ПУТИН И ТРАМП СЕ ДОГОВОРИЈА ЗА БЛАКАНОТ МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА ЧЕКААТ ДА ПОМИНЕ 30 СЕПТЕМВРИ

ПУТИН : СОЛУН Е МАКЕДОНСКИ ГРАД