ГРУЕВСКИ - И 200 ГОДИНИ ДА МЕ ОСУДАТ НЕМА ДА МЕ ЗАПЛАШАТ НЕ ГЛАСАМ ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ





Затворот е политички прогон, нема да ги поддржам уставните измени и да го изневерам мојот народ, изјави експремиерот Никола Груевски по соопштувањето на одлуката на Апелациониот суд со која му се потврдува двегодишната затворска казна за случајот „Тенк”, објави А1он.



Тој вели дека ќе ги искористи правните лекови пред Врховниот суд и дека нема нови докази за пред највисокиот суд. Груевски соопштението на Апелација го дочека во судница дури ги слушаше бомбите во „Титаник”.

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски.

„Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

ПОВЕЛЕТЕ ВО ГРУПАТА МАКЕДОНИЈА ЗА СЕКОГАШ ПОДОЛЕ НА ЛИНКОТ

https://www.facebook.com/groups/564041373974379/

Comments

Popular posts from this blog

ПУТИН : СОЛУН Е МАКЕДОНСКИ ГРАД

ПУТИН: ГРЦИЈА ДА НЕ СЕ МЕША ВО МАКЕДОНСКИТЕ ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ

ЕРДОГАН - ПОЗНАВАМ САМО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИ