ИЗГЛЕДОТ И ДИЗАЈНОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧЕ ОД 1903 СЕ ДЕЛО НА ВЕЛЕШАНЕЦ




Тодор Христов – Офицерчето (20. I 1883 – 21. IX 1903) е македонски револуционерен деец и Велешки војвода на ТМОРО.

На Смилевскиот конгрес (12-17. V 1903) бил избран за воен специјалист при Штабот на Илинденското востание. Бил раководител на леарниците за бомби во Битолско и Крушевско. Во Илинденското востание, при нападот на Крушево, командувал со Седмиот (селски) востанички одред од 20 борци од селата Селце, Обршани и Вранче. По ослободувањето на градот ја координирал градбата на фортификациските објекти за одбрана и ги дал нацртите за изработката на црешовото топче.


Во изработка на планот за заземање на Крушево непосредно учествувал и револуционерот - поранешниот офицер Тодор Христов - Офицерчето кој предходно влегол во градот и ги скицирал објектите за напади: касарната, конакот, беледијата (општината), поштата и другите владини и државни установи, како и поважните пунктови во градот.


На крајот на востанието на 21 септември 1903 година заедно со 18 четници води борба во планината Виљач, Скопско-Прешевската во која Тодор Христов и 11 четници загинуваат

ПОВЕЛЕТЕ ВО ГРУПАТА МАКЕДОНИЈА ЗА СЕКОГАШ ПОДОЛЕ НА ЛИНКОТ

https://www.facebook.com/groups/564041373974379/



Comments

Popular posts from this blog

ПУТИН : СОЛУН Е МАКЕДОНСКИ ГРАД

ПУТИН: ГРЦИЈА ДА НЕ СЕ МЕША ВО МАКЕДОНСКИТЕ ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ

ЕРДОГАН - ПОЗНАВАМ САМО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИ